-->
-->
Одложено судењето за случајот „Поткуп“, Заев службено отсутен
-->

За 22 ноември е одложено судското рочиште за предметот „Поткуп“ во кој е обвинет лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Рочиштето е одложено, како што информираат од Судот, поради службено патување на Заев, а за што Судот бил информиран претходно од неговиот адвокат.
Заев, според Обвинителството, во својство на службено лице градоначалник на општина Струмица, од струмичкиот бизнисмен Иван Николов, побарал поткуп од 163.924 евра, односно по две евра за еден метар квадратен градежно земјиште во Струмица, за кое Николов бил заинтересиран да го приватизира.
Eдна половина од парите, како што стои во обвинението, требале да бидат за Заев, а другата за изградба на црква во Струмица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Вештак на судењето за „Пулс“: Дискотеката имала три влезови и излези, но не за евакуација
-

Ѓорѓиевски: Нов лик, подобри услови и поголема грижа - ЗОО Скопје се менува
-

Приведени осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“
-

Маск: На секое дете во Америка ќе му подарам по една акција од SpaceX – подарок вреден 10 милијарди долари
-

Мицкоски: Цените на храната и пијалоците во Македонија се меѓу најниските во регионот, потврди Евростат
-

Заврши петтото издание на „Wine Vision by Open Balkan“: Белград три дена во знакот на виното, ракијата и гастрономијата
-

Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат – нови цени на горивата од полноќ
-

Во Албанија продолжуваат протестите, ЕУ бара одговорност
