-->
-->
Одложено дербито Работнички - Вардар
-->

Дерби натпреварот од 3. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Работнички и Вардар е одложен во договор меѓу двата клуба, а потврдено официјално и од Фудбалската федерација на Македонија. Терминот за одигрување на овој дуел ќе биде дополнително одреден.
Работнички се одлучи да излезе во пресрет на барањето на Вардар за одложување на дуелот кој, согласно календарот на ФФМ, требаше да се одигра в недела (27 август). Но, поради обврските на европската сцена и натпреварот со Фенербахче во Истанбул на 24 август, Вардар испрати барање за одложување на средбата.
Со оглед на фактот дека од понеделник (28 август) стартуваат и репрезентативните подготовки за квалификациските натпревари против Израел и против Албанија, одлучено е дополнително да биде одреден терминот за одигрување на дерби пресметката
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа
-
Антивладин протест во Кишињев
-
Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев
-
Германија во пресрет на утрешните избори без јасен фаворит кој сам би формирал влада
-
Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: По осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница
-
Пронајдени телефони кај четири осуденици од Идризово
-
Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд