Одбраната на таткото на Вања: Тој е жртва и постапил како секој родител во таква ситуација
Oдбраната на таткото на Вања Ѓорчевски, Александар Ѓорчевски твди дека обвинението против него е во целост неосновано.
Адвокатот Владимир Туфегџиќ, вели дека Александар е жртва во оваа постапка и дека во критичниот период постапил како секој еден родител што би постапил кон неговото дете.
-Имајќи го предвид опизот на поднесениот обвинителен акт за А.Ѓ одбраната ќе докаже дека обвинението по однос на овој обвинет е во целост неосновано, неаргументирано, паушално. Одбраната ќе докаже дека обвинетиот Александар е жртва во оваа постапка, Александар во критичниот период постапил на начин на кој би постапил секој родител кога се бара неговото дете. Одбраната ќе докаже дека Александар бил исклучително посветен родител и имал висок степен на гружа за своите деца, паниката, растројството од исчезнувањето на детето кај Александар биле злоупотребени. Самиот решил да води истрага за да го пронајде своето дете и тие дејствија се погрешно протолкувани. Александар ниту ги познава, ниту има било каква поврзаност со останатите обвинети.
Правна претпоставка за постоење на ова кривично дело е потоење на умисла, одбраната ќе докаже дека немало умислен придонес во извршување на кривично дело на друг.
Со предложените докази одбраната ќе докаже дека вака поднесеното паушално обвинение е резултат на неправилно водена истражна постапка, се прекршуваат основните принципи на кои почива истражната постапка, не е направен апрелиминарна анализа на информациите, организација и диференцијација, ниту била применета дедукција. За да се формира профил на извршител лицето требало да изврши мисловна реконструкција на кривичното дело за да се утврди како е планирано и извршено делото и каква била слеекцијата на жртвата.
Во текот на постапката ниту едно од погоре наведените дејствија не е извршено на овој начин, со доказите на ОЈО , одбраната ќе докаже дека доказите се обезбедени и прибавени токму од обвинетиот Александар и со знаење на полициските службеници кои предагаме да бидат директно испитани. Тие биле во контакт со обвинетиот, со предложените вербални докази одбраната ќе докаже дека е неоснована и неприфатлива тезата за постоење на мотив во остварување на материјална корист кај Александар бидејќи неколку месеци пред натанот неговите деца веќе биле даночни обврзници и станале сопственици на становите со договор за подарок. Александар е дародавател на становите кои се наведуваат како мотив.
Секој доказ или група на докази ќе се образложат поодделно. На крај, во текот на оваа постапка одбраната со сила на правните аргументи и докази, Александа рнаместо да има својство на оштетен и жртва, бил изложен на тортура, нечовечко и понижувачко однесување од страан ана полициски службеници, за да се извади од негопризнание, вели адвокатот Туфегџиќ.
Ново на Сител
-
Портокалов метео аларм во Шпанија, повторно се очекуваат обилни дождови
-
Протест пред обвинителството во Нови Сад: Граѓаните бараат ослободување на активистите
-
Во Италија вратена и втората група мигранти од кампот Ѓадр во Албанија, но и дел од вработените
-
Муцунски: На седумте амбасадори им завршува мандатот, во моментов течат консултации и наскоро ќе почне процес на именување нови амбасадори
-
Мерц: Избори во февруари e добро решение
-
Дарио Ивановски е спортист на годината, награди и за легендарните Хаџиевски и Радиќ
-
Маж избодел две девојчиња и двајца мажи, случајни минувачи во Урошевац
-
Кина: Возач намерно удри со автомобилот во толпа, загинаа 35 лица