Loading Video...
Спорт плус
17. јуни 2022 - 20:21

Одбојкарите во нов поход на Сребрената лига

Одбојкарската репрезентација на Македонија веќе е во Будимпешта каде викендов ќе го настапи на завршниот фајнал-фор од Сребрената лига. 
Првото место носи пласман во златната лига и награда од 50 илјади евра. 
 
Во ек на подмладување нашите најдобри одбојкари сепак успеаја по 7-ми пат да се пласираат во завршницата на сребрената лига каде 4- пати играа финале но ниту еднаш не триумфираа. 
Самиот пласман на турнирот во Будимпешта е успех но капитенот Никола Ѓорѓиев и неговите другари од репрезентацијата се надеваат на нов подвиг и тоа во полуфиналето против стариот должник Финска, натпревар кој се игра утре во 16ч. 
Финска од која досега имаме два порази во меѓусебните дуели е и прв фаворит на турнирот според рејтингот како 12- одбојкарска сила во Европа. 
Македонија се рангираа како 24-та и ќе настапи без Љафтов, Ангеловски и Николов, одбојкари од првата постава како и без повредениот Костадин Ричлиев. Со подмладен состав е и Финска па затоа во нашиот тим се надеваат дека со повторување на игрите од дуелите со Романија и БиХ може да се стигна до финалето. 
Во второто полуфинале ќе играат Романија и домаќинот Унгарија. Финалето е закажано за недела во 19ч.