Loading Video...
Спорт плус
17. December 2020 - 19:53

Одбојкарите стартуваа со подготовките за новиот квалификациски циклус

Нашите најдобри одбојкари денеска стартуваа со подготовките за следниот европски шампионат.  Желбата на сите учесници на првиот официјален собир е да се обезбеди пласман со што би продолжиле успешните настапи од претходниот шампионат.  
Според програмата квалификациите се во јануари и тоа во Скопје каде ќе играме против Турција и БиХ.  Турците се подобро рангирани од Македонија и затоа се очекува токму со нив да се решава конечниот пласман откако претходно репрезентацијата на Данска го откажа учеството. 
Покрај тренинзите под водството на селекторот Матијашевиќ  планирани се и контролни средби со силната селекција на Бугарија и тоа кон крајот на декемви во Скопје и на почетокот на јануари во Софија. 
Засега на собирот се појавија само одбојкарите од домашното првенство додека интернационалците Никола и Ѓорѓи Ѓорѓиев, Александар Љафтов и Филип Деспотовски ќе допатуваат  подоцна по завршувањето на клупските обврски. 
Според информациите направени се тестови на Ковид -19 и сите се негативни. Комплетно здравствениот билтен е добар со исклучок на повредениот Филип Маџунков кој се очекува бргу да се врати во стројот. 
СИте квалификациски дуелис со Турција и БиХ ќе се одиграат од 11-ти до 16-ти јануари во Скопје.