Спорт плус
14. September 2019 - 19:47

Одбојкарите имаа одлично загревање за Белорусија

Одбојкарската селекција на Македонија го забележа и третиот пораз на ЕП откако денеска со максимални 3-0 беше совладана од европскиот првак Русија. Славната „зборнаја“ однесе победа од

 (25-15, 25-16, 30-28).

Ако во првите два сета противникот доминираше во третиот  видовме солидно издание на избраниците на селекторот Матијашевиќ и тоа резултираше со водство од 17-15 и игра на поен-разлика по што Русите ја искористија 5. Меч топка.

Волвич со 11 поени кај Русија и Никола Ѓорѓиев со седум поени кај Македонија беа најдобри поединци на натпреварот. 

Следниот натпревар Македонија го игра во понеделник против Белорусија.