Одбележување на Меѓународниот ден за лица со попречености
Со низа активности денеска во земјава ќе се одбележи 3 декември- Меѓународниот ден на лица со попречености.
Во свечената сала на Владата на Република Македонија, ќе се одржи настан на тема „Зајакнување на лицата со попреченост и обезбедување инклузивност и еднаквост“. Обраќања ќе имаат претседателот на Владата Зоран Заев, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, Националниот координатор за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост Спасе Додевски, шефот на делегацијата на Европската Унија Самуел Жбогар и претставник на Националниот совет на инвалидски организации на Македонија, Чедомир Трајковски.
Заменик-народниот правобранител ќе го презентира Извештајот од спроведеното истражување за вклученоста на децата со попреченост во предучилишното образование. Извештајот е изготвен врз база на податовите од анкетните прашалници доставени до сите предучилишни установи во Република Македонија, а подготвен од страна на канцеларијата на Народниот правобранител, и невладината организација „Отворете ги прозорците“ со финансиска поддршка на Европската унија и канцеларијата на УНИЦЕФ.
Одбележување ќе се одржи и во организација на Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет во Скопје во аулата на факултетот каде е предвидена програма од редовните и посебните основни училишта и хуманитарна ликовна работилница со студентите од Факултетот за ликовни уметности.
Настани организираат и други институции и граѓански организации.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ