Одбележување на 7 Мај – Денот на полицијата
Одбележувањето на 7 Мај – Денот на македонската полиција, кое годинава е организирано во повеќе градови низ државата, денеска продолжува пред Домот на АРМ во Струмица, каде ќе присуствува министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Како што информираат од МВР, заменик-министерот Назим Буши ќе присуствува на настанот организиран по овој повод во Струга, а директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Сашо Тасевски во Крива Паланка.
Државната секретарка во МВР, Магдалена Несторовска ќе присуствува на настанот во Младинскиот парк во Велес, а заменик директорот на БЈБ, Ариф Асани на Гумење во Крушево.
Од МВР ги повикуват граѓаните на заедничко дружење со полициските службеници од сите организациски единици при ресорното министерство.
Според програмата, на 5 мај министерот Спасовски ќе ја отвори регионалната конференција на директори на полиции, а на 6 мај МВР ќе реализира крводарителска акција во чест на Денот на македонската полиција. Истиот ден е закажана и промоцијата на монографијата „МВР за граѓаните“.
Чествувањето на 7 Мај ќе почне со положување цвеќе на спомен-обележјата на загинатите припадници на полицијата, додека централната манифестација за одбележување на Денот на полицијата годинава ќе се одвива на Градскиот плоштад во Делчево, со почеток од 12:30 часот. Граѓаните ќе можат да ја проследат манифестацијата во живо на програмата на МРТВ.
Годинашното одбележувањето на Денот на македонската полиција – 7 мај, започна на 27 април со промоција на 73-от реконструиран објект на ОВР Радовиш.
Ново на Сител
-

ФИФА загрижена поради слабиот интерес за Светското првенство 2026
-

Зголемени производството и продажбата на шумски сортименти во државните шуми
-

Врнежи од снег со послаб интензитет на Пониква, магла до 150 метри на Пресека
-

Судот го одби барањето за укинување на притворот на обвинетите Васев и Нухи во „Онкологија 2“
-

Костадиновски: „Сејф сити“ ни покажа нашиот менталитет може брзо да се прилагодува на правила
-

Кратово се подготвува за прослава на патронот на градот - Свети Ѓорѓи Кратовски
-

Мицкоски - Варнс: Заедничка заложба за натамошно јанкење на односите меѓу Македонија и САД
-

Тепачка во казино во Карпош
