Мицкоски: Со нова градинка во општина Ѓорче Петров до помали листи на чекање

Со нова градинка во општина Ѓорче Петров до помали листи на чекање за прием на деца. Премиерот Христијан Мицкоски на неговата Фејсбук-страница, утрово информираше за изградбата на градинката во населеното место Дексион во општина Ѓорче Петров.
- Објектот е со површина од 900 квадратни метри и капацитет за 120 деца, проектиран според највисоки европски стандарди за безбедност, пристапност и енергетска ефикасност. Градинката ќе располага со современи занимални, голем централен хол и модерна централна кујна, целосна пристапност за лица со попреченост, како и уредени детски игралишта, зеленило и урбана опрема, пишува во објавата.
Се додава дека со реализацијата и пуштањето во употреба на објектот, ќе се обезбедат нови места за прием на деца, ќе се намалат листите на чекање, ќе се отворат нови работни позиции и ќе се растоварат постојните капацитети во општината.
- Инвестицијата изнесува 85.000.000 денари и е обезбедена од Буџетот на Владата, преку Министерството за социјала, демографија и млади, соопшти премиерот.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп изјави дека не е загрижен за напади поддржани од Иран на американско тло
-

Ердоган повикува на завршување на војната во Иран пред да биде зафатен целиот регион
-

САД ги предупредија цивилите да ги избегнуваат пристаништата што ги користат иранските сили
-

Трамп изјавил за Аксиос дека војната ќе заврши „наскоро“
-

Мицкоски: Со претставниците на маркетите заклучивме дека треба да има фер цени на производите, не и ново зголемување
-

Намален бројот на работници во индустријата
-

Раст од 6,2 проценти на бројот на туристи во јануари
-

Десет пожари за десет дена во Крива Паланка
