Одбележани 90 години од почнувањето на скијањето во Тетовско
Скијачкиот клуб „Љуботен“ од Тетово со свечена седница на управниот одбор одбележа 90 години од основањето во 1929 година. Сегашни и поранешни членови на управниот одбор се потсетија на скијањето низ годините, а воедно се покрена иницијатива со намера да се унапредат условите за скијање.
– Ски центрите мора да постојат и да функционираат не само за скијање и поради развој на туризмот. Десетина година скијањето е на ниски гранки на Попова Шапка, Пелистер, Крушево каде речиси да не функционираат центрите. Има мал број на скијачи, сега во последни години има интерес, но клубови не се како што било порано организирани туку има индивидуално работење родител-дете, рече Жарко Трпковски, претседател на управниот одбор на СК „Љуботен“.
Љуботен како име на клубот во 1929 година се става поради тоа што скијање во тоа време имало претежно под врвот Љуботен, а понатаму и на Попова Шапка.
-Најголемиот бренд на скијањето и на клубот, градот воопшто е учество во огранизација на „Шарпланиски куп“. Ако збориме за скијач во Македонија тоа е Рефик Јахја од Лисец. Тој 1954 на државно првенство во Јахорина во алпско скијање ги победил Словенците и тоа било сензација во тоа време. Понатаму влегол во репрезентација на Југославија и постигнал неколку добри резултати со што станува ненадминато име дури и во поновите времиња, рече Трпковски.
Докторот на историски науки и член на клубот Бранислав Светозаревиќ истакна дека клубот го формирал некогашниот тетовски градоначалник Орестие Крстиќ, тогашен началник на шумска управа кој студирал во Франција и таму научил да скија.
Подоцна скијањето го пренел во Тетово каде како едвај да чекале некој да ги мотивира да ги повика да го направат тој чекор. Следува спортска експанзија и формирање на 20-тина спортски клубови во период меѓу двете светски војни. Покрај Љуботен се формираат уште два други ски клубa. 1930 е отворена втора секција за скијање при Соколскиот дом, а во 1936 секцијата Попова Шапка при Белградско друштво Југ. Атрактивна била Шар Планина и затоа имало многу интерес и не само на тетовци туку и на скопјани и други за скијање. Затоа после Втора светска војна таа генерација на скијачи лесно успева да го оформи најпознатото скијачко натпреварување Шарпланински куп уште во 1947 година.
Скиите во минатото биле правени дома во Тетово, се потсетува 76 годишниот спортски работник Крсте Серафимовски.
-Сме почнале да скијаме со скии од багрем кои се правени кај Новица Димоски, тој имаше услови во дворот. Во буре со топла вода ги виткавме да можеме да скијаме. Везовите беа правени кај ковач, а каиши имавме од 15 метри за да се стегне ногата за да биде фокусирана, рече Серафимовски.
Во минато век на Попова Шапка се одело пешки за скијање. Се пешачело на поинаква релација од сегашниот пат, поточно од Тетово до Бањиче-Шипковачко теќе, Шипковица, Лисец и преку Голгота до Попова Шапка.
Ново на Сител
-
Вучиќ утре ќе разговора со Путин
-
Зеленски: Украинците сакаат мир, но не и по цена да се откажат од Украина
-
Земјотрес од 6,3 степени го погоди Чиле
-
Додик по средбата со Вучиќ во Белград: Бошњаците од Сараево сакаат воен судир во БиХ
-
Жена со автомобил удрила малолетник на пешачки и избегала
-
Жителка на Белгија ограбена на Бит Пазар
-
Почна судскиот процес против Мерко за незаконско поставување директор на ОУ „Браќа Миладиновци“ во Струга
-
Му договориле лажна средба со девојката, па го однеле во куќа каде го претепале