Одбележани 73 години од смртта на народниот херој Страшо Пинџур
Седумдесет и три години од смртта на народниот херој Страшо Пинџур беа одбележани денеска пред спомен куќата на Пинџурови во кавадаречкото село Ваташа. За животот и делото на Страшо, пред присутните говореше Марија Михова, историчар при кавадаречкиот музеј.
- Меѓу плејадата борци за слобода и револуцонери од овој крај, видно место зазема Страшо Пинџур, кој загина на само 28 годишна возраст, давајќи го својот живот за слободата на Македонија. Завршил правни науки во Белград и уште како млад навлегол во редовите на напредното младинско и револуционерно движење, за што бил и апсен и лежел затвор. Еден е од иницијаторите за формирање на првиот партизански одред во Македонија, рече, меѓудругото, Михова.
Во средината на декември 1942 година Страшо Пинџур и Мирче Ацев дошле по партиска задача во Велес.
- Биле уапсени на 18 декември. Во затвор биле ѕверски мачени. До ден денес не се знае каде завршило телото на Страшо Пинџур, еден од најголемите револуционери и политички раководители на Македонија од времето на Втората светска војна, нагласи Михова.
Ново на Сител
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули
-
Разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски
-
СИРИЗА ќе ги поднесе во грчкиот Парламент трите меморандуми со Северна Македонија
-
Пендаровски се откажа од државна пензија
-
До четврток облачно и дождливо, в петок пораст на температурата