Одбележани 200 години од отпечатувањето на „Огледало“ од Пејчиновиќ

Со повеќе активности денеска во манастирскиот комплекс „Свети Атанасиј“ во Лешок беа одбележани 200 години од печатењето на делото „Огледало“ од Кирил Пејчиновиќ.
Меѓу другото, се одржа промоција на книга посветена на неговото дело „Огледало на Огледало од Кирил Пејчиновиќ“ од авторот Борис Момироски Лешанин. Промотори на книгата беа архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и професор д-р Марко Китески.
- Делото „Огледало“ на отецот Кирил Пејчиновиќ е повеќе од актуелно и денес, бидејќи на еден или друг начин и денес се соочуваме со сличните појави. Дури и како да го видел и нашево време, па поучува на едно место: Не карајте се, туку да живуемо како браќа, еден за другого да се молимо, еден другого да жалимо, еден другому да помажемо, еден другому тежината да носимо, рече г.г. Стефан.
Ова е фототипно издание на книгата „Огледало“ која за печат ја подготви професорот Момироски, а придонес во доближувањето на содржините до современиот македонски јазик имаат и Драган Михајловиќ и отец Игор Калпаквоски.
Оваа книга, како и другите текстови на Пејчиновиќ се пишувани на неговиот роден тетовски говор со елементи од централните македонски говори, но во тој јазик се чувствува присуството и на многу елементи од старословенскиот јазик. Во книгата на Момироски има толкувања за животот и делото на Пејчиновиќ како и размислувања за епитафот и за другите дела на Пејчиновиќ.
Авторот Борис Момироски долг период го истражувал животот и творештвото на Кирил Пејчиновиќ.
- Именката „Огледало“ е идеално одбрана за наслов на книга со соодветна содржина и живот на емпирија што ја преточил во дела со императив да ја наслика вистината за општествено-политичкото и културното живеење во Македонија во 19 век. Мотовот е показ и доказ за просветлување на македонскиот народ што е во духовно и културно просветен мрак и во социјална беда во времето на турското ропство, посочи Момироски.
Денешниот настан, кој почна со парастос на гробот на Кирил Пејчиновиќ, беше организиран од Македонската православна црква- Охридска архиепископија, манастирот „Св. Атанасиј Велики“ во селото Лешок и издавачката куќа „Матица македонска“.
Претходно архиепископот Стефан заедно со митрополитите на МПЦ ОА , г. Петар од Пелагониско-преспанската епархија, г. Јосиф од Кумановско-осоговската и г. Јосиф од Тетовско-гостиварската епархија заедно со повеќе свештенослужители отслужија помен парастос на гробот на Кирил Пејчиновиќ, кој се наоѓа во овој манастирски комплекс. Присутните ја посетија и спомен-собата поветена на овој голем македонски духовен и национален просветител.
Ново на Сител
-

ЈО: Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на родители на судија
-

Натпреварот на Македонија против Португалија заврши нерешено
-

Кривична за двајца кичевчани, пробале да убијат 39-годишен сограѓанин
-

Одземен сеф со пари откако насилно било влезено во финансиско друштво во Центар
-

Мицкоски: Граѓаните го почитуваат „Безбеден град“, помалку сообраќајќи и побезбеден сообраќај
-

Андоновски: Реална дигитализација - граѓаните ќе ги добијат услугите брзо, едноставно и електронски
-

Санчез: Евентуална американска инвазија на Гренланд „би го направила Путин најсреќниот човек на земјата“
-

Тракторист починал на лице место откако паднал во речно корито
