-->
-->
Одбележан патронатот на касарната „Чеде Филипоски -Даме" во Кичево
-->
Со полагање цвеќе на споменикот на великаните денеска во касарната „Чеде Филипоски-Даме" во Кичево се одбележа патронатот односно денот на погинувањето на народниот херој чие име со гордост ја носи ова касарна.
По овој повод пред присутните говореше потполковник Боро Латкоски, како и историчарот Душан Велипоски, кој зборуваше за бурниот животен пат на народниот херој Чеде Филипоски -Даме, за неговата успешна воена-политичка кариера.
Во рамки на одбележувањето на патронатот во кичевската касарна се реализираше и тактичко технички збор за присутните гости да имаат можност да се запознаваат со вооружувањето и опремата која секојдневно се користи во единицата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Градежниците и портокаловата фаза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
Поплавени куќи, свлечишта, над 200 пријави за штети во Тетовско
-
22735 членови ќе гласаат за нов претседател на СДСМ
-
Истрага за смртта на бебето од Прилеп
-
Македонија со Влада, Мицкоски ја презеде премиерската функција
-
Муцунски во Луксембург: Европска агенда ослободена од билатерални прашања