Од задутре изменет режим на сообраќај на магистралниот пат Прилеп-Битола
Поради изведување на геотехнички истражувања на коловозот од задутре ќе биде изменет режимот на сообраќај на магистралниот пат A3, делница Прилеп-Битола, информира АМСМ.
-Времениот режим на сообраќај ќе се одвива согласно одобрен сообраќаен проект и е со важност од шест месеци, односно се до завршување на градежните работи. Се замолуваат сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената времена сообраќајна сигнализација и да се прилагодат кон условите на патот, велат од АМСМ.
Нагласуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, пo наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Ново на Сител
-
Продолжуваат нападите меѓу Израел и Иран, ИДФ повика на евакуација во иранскиот град Арак
-
Без струја делови од Центар, Газа Баба, Сарај и Сопиште
-
Сончево и топло, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Франција планира европска „иницијатива“ за прекин на конфликтот меѓу Иран и Израел
-
Нетанјаху му се заблагодари на Трамп за „поддршката“ во војната против Иран
-
Израел пред празни трибини на Европската златна лига во Струмица
-
Русија го зголемува военото присуство на границата со Финска
-
Постапка против 23-годишник осомничен за тешка кражба во износ од 296.000 денари