Од утре поевтини тестенини и млечни производи
Од утре млечните производи поевтинуваат за 10 отсто, а тестенините за 15 отсто.
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи кажа дека одлуките за замрзнување на цените се носат за доброто на граѓаните.
„Ако основните суровини паѓаат не можат цените да останат исти, цените ќе треба да паѓаат. Ние како што ги преземавме мерките за основните прехранбени производи на лебот, тестенините, млекото и млечните производи и навестивме една низа на други продукти и секако ако трговците но и производителите сами не реагираат пораката од владата е јасно дадена. Граѓаните нема да ги оставиме сами и ќе донесеме одлука во интерес на граѓаните“, кажа Битиќи.
Како што посочи Битиќи, ако трговците не ја спроведуваат одлуката на Владата ќе бидат преземени соодветни мерки.
„Замрзнувањето на цена е доволна непазарна мерка којашто за жал, ако тие не ја спроведат онака како што треба, јас секогаш велам дека во пазарна економија мора да има морал и етика, па тогаш Владата ќе ги преземе мерките коишто треба да бидат преземени“, додаде Битиќи.
Ново на Сител
-
Возете внимателно во дебарскиот регион, има одрони
-
Мицкоски: Утре на Влада ќе се разгледува информацијата за повисоки пензии
-
ЦУК: Интензивен пороен дожд и грмежи во Тетово и Скопје
-
Спасен повреден странски турист во Охрид кој паднал во тешко пристапен терен
-
Главчев: Ќе ги потсетам европските лидери кои се условите за прием на Северна Македонија во ЕУ
-
Приведен бегалец од затвор
-
По вчерашното невреме: Се поплави „8ми Септември“ - Затворени операционите сали
-
Позната е новата цена на струјата