Од попладне дожд и снег, од петок поларни температури и под -20
Врнежи од дожд на пониските места и снег на планините, најавува од попладне УХМР. Можна е и локална појава на замрзнат дожд.
Значителна промена на времето ќе има од четврток кога поради спуштање на поларна воздушна маса од север ќе има врнежи од снег, најпрво во северните и западните, а потоа и во останатите делови. Насекаде ќе се формира снежна покривка, на планините и до 50 сантиметри. Најобилни врнежи ќе има во четврток попладне во северните и во петок претпладне во источните делови од земјава.
До сабота ќе дува засилен, повремено силен северен ветер, поради што на места ќе има и снежни наноси. Од петок температурите значително ќе опаднат. За време на викендот облачноста ќе се намали и ќе биде многу студено. Утринската температура на места ќе се спушти и под минус 20 степени, а максималната ќе се задржи негативна во интервал од минус 12 до минус 4 степени.
Ново на Сител
-
Мицкоски за закани од Ахмети: ДУИ повторно прави упад во правосудниот систем
-
Ново рочиште за убиствата на Вања и Панче
-
Судот не прифати застареност на делото за аудито на Мерко
-
Државата нема да ги покрива придонесите за поголем минималец
-
СДСМ: Инспекторатите работат на црно, сите контроли се незаконски
-
Стартуваат градежни активности во Општина Илинден
-
За 25% намалена цената на свинското месо жива мера
-
Преглед на вестите од светот