-->
-->
Од почетокот на турската операција во северна Сирија се убиени 35 војници на армијата
-->
Бројот на турските војници убиени во напади на ИД во близина на северниот сириски град Ал Баб достигна 16 луѓе, изјави денеска турскиот министер за одбрана. Тројца други војници се тешко ранети.
Во изјава пред парламентарна комисија, министерот Фикри Ишик нагласи дека вкупно 35 турски војници се убиени од почетокот на турската воена операција во севрна Сирија.
Ишик рече дека вкупно 1.005 припадници на ИД се „неутрализирани“ во истиот период и оти ИД дава жесток отпор во близина на градот Ал Баб.
На 24 август Турција почна со операција Еуфратски штит, со цел да се прочисти регионот на границата од борци на ИД и од сириски курдски милиции.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Речиси 83.000 вработени не зеле плата за јануари
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Многу деца во Македонија со вишок на килограми – најдебелиот пациент во земјата има 288 килограми
-
Хаос во српското Собрание - повредени неколку пратеници
-
Паузирана американската воена помош за Украина
-
Средба Мицкоски - Орбан во Будимпешта
-
Османи: Албанците нема да дозволат да се одржат локални избори
-
До локалните избори половина година – партиите веќе на терен