Од почетокот на годинава во Албанија запленети 28 тони марихуана
Албанската полиција од почетокот на годинава запленила вкупно 28 тони марихуана. Бројките ги соопшти генералниот директор на полицијата, Алтин Ќато. Според полициската статистика, запленети се и килограм кокаин и 12 килограми хероин.
- Запленетите количини дрога потврдуваат уште еднаш дека проблемот со мархуаната во Албанија добива застрашувачки размери.Уште повеќе што речиси иста количина албанска марихуана е запленета во Италија, над десет тони во Грција и помали количини во другите соседни земји, констатираат албанските медиуми во написите кои најчесто се под наслов „Албанија потоната во марихауна“ и „Албанија преплавена со марихуана“.
Во рамки на мерките кои полицијата ги презема за сузбивање на производството на марихуаната, на располагање на граѓаните е ставена бесплатна телефонска линија, на која може да се јават за да дадат информација за граѓани или полициски службеници вмешани во производство и трговија на мархуана. За полезна информација следува награда и целосна анонимност.
Ново на Сител
-
34 години ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Александар Бајдевски, кандидат за претседател на СДСМ
-
Трагедија на Галичица
-
Преглед на вестите од светот
-
Како социјалните мрежи можат позитивно да го променат животот на еден млад човек
-
Граѓаните извисија: Три часа евтина струја преку ден летово ќе нема, сега ќе се крои новата цена за од 1 јули
-
Тешко до работа преку Отворен Балкан
-
34 години ВМРО-ДПМНЕ