Бизнис
17. September 2015 - 14:43

Од октомври унифицирање на дуќаните во Старата скопска чаршија

Од 1 октомври ќе почне процесот на унифицирање на излозите на дуќаните во Старата скопска чаршија, најави денеска министерот за економија Беким Незири по средбите со здруженијата на занаетчиите и на пазарџиите.

За годинава е предвидено да бидат унифицирани 60-тина дуќани во еден дел од чаршијата.

- Министерството  за економија има обезбедено околу 400 илјади евра и веќе од октомври активно ќе започне унифицирањето на излозите во Старата скопска чаршија. Апликациите сеуште не се поднесени затоа што проектот прво мора да се одобри од Конзерваторскиот центар и од Министерството за култура, рече министерот Незири.

Тој информира дека веќе е објавен повик за тоа како треба да изгледаат излозите што ќе биде субенционирано од државата.