Балкан
25. јуни 2018 - 22:38

Од летото ни трага: Снег ги покри Карпатите во Романија

Снег го покри романскиот дел од Карпатите, а температурата на воздухот на одредени места падна под 9 степени Целзиусови.

Минус два степени се забележани на југозападот од планината во Тарк, а минус еден степен на врвот Ом, јавија локалните медиуми.

Карпатите се планински венец во средна Европа чија просечна височина изнесува од 1.500 до 1.600 метри.

Романските Карпати опфаќаат некои од најзачуваните екосистеми во таа земја кои се живеалиште на бројни автохтони видови.