Од идната година примена на софтвер за откуп на земјоделски производи
Од идната година треба да почне примена на софтверот за откуп на земјоделски производи, најави министерот за земјоделство Михаил Цветков при неодамнешната посета во Струмица. Според него, решението е готово и дадено им е на увид на сите инволвирани страни за сугестии и предлози.
- Софтверското решение е готово. Ќе го добијат преработувачите, земјоделците и воопшто сите вклучени во процесот. Во наредниот период ќе чекам нивни сугестии. Со софтверското решение предвидено е да имаме целокупна евиденција на сите преработувачи кои се запишани во единствениот регистар на земјоделски производства и на сите земјоделци кои се запишани. Во секој момент ќе имаме информација колку е продадено, по која цена, колку е платено и дали е платено, објасни министерот Цветков.
Рече дека картонските белешки ќе станат минато со примената на електронската евиденција, со која предвидена е и банкарска гаранција во преработувачката индустрија.
- Ние претходно направивме измени во законот за исплата на земјоделците во рок од 90 дена. И со ова софтверско решение предвидуваме исто како со тутунот и преработувачката индустрија да има банкарска гаранција. Ако не им исплати на земјодеолците во рок од три месеци, да може да се активира гаранцијата, појасни Цветков.
Ново на Сител
-
Анчелоти може да добие отказ ако Реал Мадрид не се пласира во осминафиналето од ЛШ
-
Поради магла намалена видливост до 100 метри во Кочани, Страцин, Битола и Плетвар
-
Нетанјаху: Израел нема да го спроведе примирјето во Газа додека не добие список од 33 заложници
-
Извршени претреси во Скопје, уапсени дилери на дрога и оружје
-
И кажале дека нејзината ќерка прегазила дете - измамена 76-годишна скопјанка за 130 илјади денари
-
Полициски службеник земал 50 евра поткуп, пронајдени пари и документација
-
Уапсен Раде Трајковски-Штекли
-
Синер без проблеми до четвртото коло на Австралија Опен