Бизнис
25. јуни 2024 - 13:31

Од домашно производство е 91.5 % од потрошената струја во април

Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2024 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 437 116 МWh електрична енергија, 12.002 мил. нм3 природен гас, 415 631 тони јаглен и 85 745 тони нафтени продукти.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 91.5 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 99.9 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.