Од дебарското муфтиство на аџилак 17,од Македонија 770 верници
Од дебарското муфтиство кое ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и Маврово Ростуше, годинава на аџилак во светите исламски места Мека и Медина, ќе заминат 17 верници.
- За верниците кои заминуваат на аџилак, во присуство на нивни роднини и пријатели ја одржавме молитвата (довата) ја хаџ. И сите други потребни активности се реализрани, вакцинација ,визи и на 2-ри септември верниците заминуваат со авион за Саудиска Арабија, изјави дебарскиот муфтија Хаџи Рамазан ефенди Хаса.
Според Хаса на аџилак од Република Макдонија заминуваат вкупно 770 верници. Нивното заминување е во организација на Исламската верска заедница.
Аџилакот е петтиот и последн столб на Исламот, на кој секој добар верник муслиман треба да замине барем еднаш во животот, а задолжителен е за оние кои располагаат со богатство.
Ново на Сител
-
Пет лица загинаа, а најмалку 15 се ранети во рускиот напад врз областа Харков
-
Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка
-
Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да се стават во опасност односите со Грција и ЕУ перспективата на земјата
-
Преодно стабилизирање на времето се очекува во петок
-
Косово и САД потпишаа договор за борба против манипулирањето на информации од други држави
-
Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница
-
Лидерите на „ВРЕДИ“ на средба со Албин Курти
-
Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас"