Од 9:00 часот пренасочување на сообраќајот на регионалниот пат Гостивар
Поради поставување на канализациона мрежа во село Чајле денеска од 9:00 часот, сообраќајот на регионалниот пат Гостивар-село Чегране ќе се пренасочува по алтернативни патишта.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Ново на Сител
-
КСЗД го презентираше извештајот за минатата година
-
Две лица осомничени за поткуп – се чека притвор за врховниот судија
-
Почнува процесот на прегласување за парламентарните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер