Од 5 август електронски дозволи за времен престој на мигрантите во Македонија
Од 5 август дозволите за 72-часовен престој во државата на мигрантите во Гевгелија ќе им се издаваат по електронски пат, информираа од пограничната полиција во Гевгелија на денешниот состанок со овластените превозници на бегалците.
Командирот на пограничната полиција Митко Илиев соопшти дека забрзано се работи на подготовка на софтверот, кој ќе овозможи од 5 август дозволите да се издаваат за многу кратко време со што, како што рече, ќе се скрати времето за престој на бегалците во Гевгелија и ќе се забрза нивниот транспорт од Гевгелија кон Куманово и Табановце на македонско-српската граница.
Електронските дозволи за времен престој во земјава ќе се издаваат во специјалниот прифатен пункт за бегалците, кој со средства од УНХЦР се гради на локација одобрена од општина Гевгелија, што се наоѓа до зградата на пограничната полиција, во просторот на железничката станица во Гевгелија.
Во близина на пунктот ќе бидат одредени и времени паркиралишта за такси возилата со кои бегалците се превезуваат до Табановце.
Ново на Сител
-
34 години ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Александар Бајдевски, кандидат за претседател на СДСМ
-
Трагедија на Галичица
-
Преглед на вестите од светот
-
Како социјалните мрежи можат позитивно да го променат животот на еден млад човек
-
Граѓаните извисија: Три часа евтина струја преку ден летово ќе нема, сега ќе се крои новата цена за од 1 јули
-
Тешко до работа преку Отворен Балкан
-
34 години ВМРО-ДПМНЕ