Од 23 од 27 јуни МВР нема да издава лични документи
Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, ги информира граѓаните дека поради миграција во нов систем, од 23. 06. 2021 година (среда) започнувајќи од 21 часот, заклучно со 27. 06. 2021 година (недела-до 21 часот) нема да биде во функција системот за прием и издавање на лични документи (лична карта, пасош и возачка дозвола), соопштија од МВР.
– Од тие причини се известуваат граѓаните кои имаат закажано термин за аплицирање за личен документ во ИТНА постапка во деновите 23, 24 и 25 јуни 2021 година, да дојдат во просториите на Министерството каде што имаат закажан термин за личен документ на 22. 06. 2021 година во текот на целиот работен ден или на 23. 06. 2021 година до 12 часот, информираат од МВР.
Граѓаните кои имаат закажан термин за 23, 24 и 25 јуни 2021 година, во редовна постапка, правото за поднесување на барање за личен документ, ќе можат да го остварат во било кој термин на исто место каде што имаат закажано во периодот од 28. 06. 2021 година заклучно со 02. 07. 2021 година.
Готовите лични документи граѓаните можат да ги подигнат до 23. 06. 2021 година до крајот на работното време, бидејќи на 24 и 25 јуни нема да биде овозможено нивно издавање.
Ново на Сител
-
Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје
-
И кажале дека има биткоини вредни 900.000 ден. но мора да има пари на сметка, измама во Куманово
-
Снегот ја парализира Западна Европа: Илјадници заглавени камиони и милионски штети
-
48 годишен кумановец физички нападнат од сопругата
-
Туск: Војната во Украина станува драматична и реално се заканува да стане глобална
-
Четвртфинале во Лигата на нации: Холандија ја чека Шпанија, Данците одат на Португалија
-
Амал Клуни со битна улога во издавањето меѓународна потерница против Нетањаху
-
Свештеникот кој дозволи снимање спорен спот во црква, расчинет поради проневера