Бизнис
6. March 2017 - 19:52

Од 2018 година ќе важат построги правила за заштита на животната средина

Дел од фабриките сеуште не ги  исполнуваат  условите од постоечкиот закон за контрола на штетните честички, а веќе од следната година се воведува нова европска регулатива.

Колку компаниите ќе ги чини новиот закон сеуште се анализира. Но надлежните не очекуваат дека трошоците ќе бидат големи.

Досега 320 мали и големи фирми имаат добиено  еколошка дозвола,  30 тина чекаат да ја добијат. Од големите иднсутриски капцитети Фени индустри и Макстил  ја обезбедиле за Рек Битола рокот е до 2018 година.

Југохром  и натаму работи на поставување на  филтрите. До каде е постапка и кога вработените ќе можат да се вратата на работа од министерствотто не прецизираа.

Посочија дека комбинатотот ќе може да почне да работи кога ќе ги постави уредите.

Новиот закон за контрола на емисии треба да стапи на сила од 2018 година.