Од 20 филмови во изборот за Оскар ФХ3Х работеа на ефектите на осум
Академијата за филмски науки и уметности ги објави 20 филмови кои се потенцијални кандидати за номинација за Оскар за најдобри визуелни ефекти во 2016 година, на осум од кои работеше македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х.
Тоа се филмовите: Batman V Superman: Dawn of Justice, Independence Day: Resurgence, Miss Peregrine’s Home for peculiar children, Passengers, Suicide Squad, Sully, Warcraft и X-Men: Apocalypse.
Сопствениците на ФХ3Х Миливоје Ѓорѓевиќ и Кристијан Даниловски изјавија дека се горди на својот тим и со нетрпение го следат процесот на гласањето во исчекување на филмовите кои ќе влезат во следниот круг.
Покрај осумте горенаведени филмови во изборот од 20 кандидати за Оскар се и: Alice Through The Looking Glass, Arrival, The BFG, Captain America: Civil War, Deadpool, Deepwater Horizon, Doctor Strange, Fantastic Beasts And Where To Find Them, The Jungle Book, Kubo And The Two Strings, Rogue One: A Star Wars Story и Star Trek Beyond.
Од оваа проширена листа наскоро ќе бидат избрани 10 филмови кои ќе продолжат во понатамошната селекција се до 24 јануари, 2017 година, кога ќе бидат соопштени официјалните пет номинации. Свечената церемонија за доделувањето на Оскарите е на 26 февруари 2017 година.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Маргарита Цаца Николовска
-
Агелер: Ако ние обезбедивме докази за Груби и Беџети, можат и македонските власти
-
Голема полициска акција: Уапсени над 20 лица за криминал тежок 6,5 милиони евра
-
ДУИ со една реченица ја поздрави одлуката на Стејт Департментот, не запираат рекациите
-
Објавени документи пред утрешната одлука на Уставниот суд за јазиците
-
Протест во Скопје за спас од загадениот воздух
-
Предлог буџетот за следната година на пленарна седница
-
Обвинувања за криминал со превозот на ученици во Прилеп