Од 11 април родно неутрална категорија во пасошите во САД
Од 11 април на Американците ќе им биде дозволено да избираат „Х“ за пол во нивните барања за пасоши, соопшти денеска Стејт департментот.
„Почнувајќи од 11 април, граѓаните на САД ќе можат да ја изберат ознаката Х за пол во нивната апликација за пасош во САД, а оваа опција ќе стане достапна за други форми на документација следната година“, нагласи американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
„Секој Американец ја заслужува слободата да биде свој. Но, премногу трансродови Американци продолжуваат да се соочуваат со системски бариери, дискриминација и акти на насилство“, соопшти Белата куќа.
Стејт департментот објави во јуни минатата година дека граѓаните на САД можат да го изберат својот пол на апликациите без поднесување медицинска документација.
Ново на Сител
-
Православните христијани денеска го празнуваат Божиќ
-
Честитки од политичарите за Божиќ
-
Сиљановска и Мицкоски на иста линија - Законот за заштита на децата ќе се усогласи со Уставот
-
Мицкоски: Добро е да има стабилна влада во Бугарија
-
Македонија меѓу 5-те најброзрастечки економии во Европа
-
Отровен Божиќ за скопјани - Прв загаден град во Европа, трет во светот
-
Божиќен ручек во Прилеп по 19-ти пат
-
Преглед на вестите од светот