Од 10 април блокатори за возила на нерезиденти на резидентните паркиралишта во Центар
Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“- Скопје, од 10 април ќе поставува „блокатори“ на сите возила кои ќе бидат затекнати на резидентно паркиралиште, а не се корисници-резиденти на секторот во коjшто се паркирани, со цел да им се овозможи на жителите на општина Центар непречено да ги користат резидентните зони исклучиво за нивните потреби, соопштија од ЈП ПОЦ.
Поставувањето на механичко средство „блокатор“ во зона 0 и зона 01 ќе изнесува 1.200 денари, во зона 1 – 960 денари и во зона 2 – 720 денари. Доколку казната не се плати во рок од два часа, возилото ќе биде отстрането со специјалното возило „пајак“. Акцијата ќе започне во зона 01, во секторите Дебар Маало и Градски парк, а потоа ќе продолжи и во останатите сектори со кои стопанисува претпријатието.
-Оваа промена се воведува заради големиот број поплаки од граѓаните кои не можат да се паркираат на нивниот паркинг од други возила кои не се на станари, велат од ПОЦ.
Жителите на општина Центар и понатаму ќе можат бесплатно да ги користат комерцијалните паркиралишта и монтажните гаражи со кои стопанисува претпријатието, а останатите граѓани ќе можат да го регулираат нивниот престој во јавните паркиралишта со наплата.
Ново на Сител
-
Рокас бара уставни измени, власта и опозицијата подготвени за реформи
-
Македонија е подготвена за преговори со ЕУ – порака од меѓународната Паневропска унија
-
Со фалц документи тргувале со нафта на големо
-
Обвинение за членови на група за проституција и дрога, вмешан и полицаец
-
Матичните лекари бележат зголемен број на болни од грип и други респираторни инфекции
-
Уметност без пари
-
Две тукушто родени близначиња починаа во Прилеп
-
Николоски: Нова евтина авиолинија