Обвинителството тврди дека ќе докаже вина кај креаторот и администраторот на групата
Обвинетите за производство и дистрибуција на детска порнографија во предметот „Јавна соба“ која е истоимена група која била отворена и користена од повеќе членови преку социјалната мрежа Телеграф, со умисла дозволиле да се направи достапно на членовите на групата содржина со аудио-видео материјал во кој се прикажани полови дејствија со дете.
Ова денеска во Кривичниот суд во воведните зборови го истакна обвинителот Владимир Милошевски на првото рочиште за предметот „Јавна соба“ во кој се обвинети Д.К. 32 години и М.П. 22 години. Првиот како основач и администратор на групата, а второобвинетиот како администратор и модератор на групата кои, според обвинителот, биле должни да се грижат за содржината на текстуалните, визуелните и аудуовизулените соидржини прикачувани од членовите на групата.
-Материјалните докази кои Обвинителството ги прибра ќе докажат дека обвинетите во критичниот период биле корисници на електронски уреди преку кои може да се врши комуникациија на социјалните мрежи, дека во наведениот период ја имале инсталирано наведената апликација на уредите и дека на истата активно учествувале во својства како што се наведени во обвиниението. Обвинителството ќе докаже дека во тој период на наведената сицијална мрежа од страна на нејзин член во групата бил споделен материјал кој содржи очигледен полов акт со дете, посочи обвинителот Милошевски.
Додаде дека ќе докаже дека апликацијата која ја имале двајцата обвинети во своите содржини давале напатствија како и под кој услови може да се користи но и рестрикциите кои апликацијата ги наведува.
-Обвинителството ќе докаже дека умислено и свесно инсталирале апликација, делувале као администор и креаторт на апликацијата на која формирале група „Јавна соба“ и ќе докаже дека во групата е споделен аудиовизуелен материјал со полови дејствија на деца. Ќе докажеме дека директно е загрозен половиот морал и дека е загрозена детската слобода и заштита на физичкиот и менталниот идентитет и дигнитет на детето, потенцира обвинителот.
Ново на Сител
-

Исчистен дел од одроните на патот Берово - Струмица, сообраќајот се одвива по една коловозна лента
-

Во прекин сообраќајот на патот Берово - Струмица
-

Поднесено обвинение против градоначалникот на Будимпешта бидејќи дозволил одржување на Парада на гордоста
-

Трамп повторно му се закани на Иран
-

Кривична пријава против струмичанка за присвојување осум мобилни телефони од продажен салон во Гевгелија
-

Радосна вест од Скопска ЗОО: Џуџестите мармозети добија близначиња
-

Петмина кандидати за државен јавен обвинител, кандидатурите испратени во Влада
-

Тошковски - Кочиу: Пред летната сезона ќе го профункционира One Stop Shop меѓу двете држави
