Димитриеска-Кочоска: Државната помош не смее да биде товар врз јавните финансии, туку инвестиција во конкурентноста и одржливиот раст

Секој денар од буџетот мора да има економска оправданост и развојна цел. Нашата фискална политика се темели на фискална консолидација и забрзан економски раст. Овие цели не се спротивставени, туку се меѓусебно поврзани - рече денеска министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска.
Во обраќањето на панел-дискусијата „Зајакнување на управувањето со државната помош во Западен Балкан: транспарентност, ефективност и усогласување со ЕУ“, Димитриеска-Кочоска напомена дека фискалната дисциплина значи намалување на непродуктивните трошоци и насочување на средствата таму каде што ќе создадат најголема додадена вредност. Во таа рамка, додаде, државната помош е инструмент, кој мора да биде внимателно дизајниран, таргетиран и континуирано оценуван.
- Државната помош не смее да биде товар врз јавните финансии, туку инвестиција во конкурентноста и одржливиот раст. Таа опфаќа разни области и значаен обем на средства. Според податоците на Комисијата за заштита на конкуренцијата, во 2023 година државната помош изнесувала 206 милиони евра или речиси 1,5 процент од БДП, а во 2024 година достигнала 235,2 милиони евра или 1,52 процент од БДП. Овие износи ја нагласуваат важноста на овој инструмент, но уште повеќе ја потенцираат потребата од високо ниво на транспарентност и отчетност. Економските показатели покажуваат дека поддршката за инвестиции има позитивни ефекти врз економската активност - потенцира министерката.
Според неа, пет квартали по ред бележиме стапки на раст од речиси и над три проценти, при што во третиот квартал од 2025 година растот достигна 3,8 проценти. Бруто-инвестициите во истиот период пораснаа, како што истакна, за 30,6 проценти, пред сè како резултат на зголемената активност на приватниот сектор.
- Владата, покрај мерките за државна помош, обезбеди 250 милиони евра поволни средства за поддршка на инвестициски проекти на компаниите, како и дополнителни 250 милиони евра за капитални проекти во општините, со што се поттикнува економската активност и се обезбедува порамномерен регионален развој.
Панелот, чија цел е да се укаже на значењето на државната помош, го организира Институтот за економски истражувања и политики Finance Think, а присуствуваат претставници на академската и бизнис-заедницата, претставници на институциите од земјите на Западен Балкан, претседатели и членови на комисии за заштита на конкуренцијата, како и претставници на меѓународни партнери.
МИА
Ново на Сител
-

Судење за Пулс: Обвинителството изнесе докази за пропусти во годишните програми за надзор на ДЗС во Кочани
-

Ослободителна пресуда за таткото на Васил Јованов
-

Општина Кратово: Локалитетот „Куклица“ е узурпиран, се чека правосилна судска одлука
-

79-годишен Индиец починал во паркот „Жена борец“
-

Скопјанка со велосипед пропаднала во шахта на улица
-

Туск апелира до претседателите Навроцки и Зеленски да го решат спорот околу историските трауми меѓу Полска и Украина
-

Трамп бара итен прекин на израелско-иранските напади
-

Кривична за екс директорот на ЈП „Национални шуми“, продавал изгорени дрва по нереално ниски цени
