Македонија
21. April 2021 - 16:37

Обвинителството постапува по вчерашното убиство во Струга

Убиство и обид за самоубиство во Струга.Семејната расправија помеѓу младиот брачен пар заврши фатално, сопругот со повеќе убоди од нож откако ја убил својата 34 годишна жена  се обидел да побегне но бил спречен по што самиот се повредил   .Немилиот настан се случил вчера на улицата Ристо Крле во стан пред очите на нивните пријатели каде жената веднаш им подлегнала на повредите додека нејзиниот сопруг е пренесен во болницата во Струга каде е опериран и се наоѓа надвор од животна опасност.

Случајот во полициска станица бил пријавен синоќа околу 19 часот од страна на 49 годишен стружанец.

Струшкото Обвинителство изврши увид,во станот каде се случи крвавиот настан  додека по наредба на јавниот обвинител ќе биде извршена обдукција врз телото на починатата.

Од лице место прибрани се траги и докази кои ќе бидат вештачени, меѓу кои и оружјето со кое било извршено кривичното дело. Заради утврдување на фактите, јавниот обвинител ќе ги испита и сведоците на настанот, соопшти Обвинителството.

Младиот брачен пар од Битола со привремено живеалиште во Струга имал и малолетни деца .