Македонија
30. September 2021 - 16:53

Обвинителството и полицијата го истражуваат случајот „Прв извиднички камп“

Обвинителството ќе испитува што точно се случувало за време на извидничкиот капм во близина на Скопје викендов. Откако родител на едно од децата учесници пријавил во полиција дека се одвивале шокантни активности меѓу кои малолетници соблекувале делови од облеката и симулирале секс пози од МВР велат дека добиле насока од обвинител организаторите на настанот “Секс, скаутс и рок енд рол” од Првиот скопски извиднички одред да бидат повикани на разговор.

-Согласно закон, Јавното обвинителство не е во можност да сподели детали за дејствијата кои се преземаат во рамките на предистражната постапка. По насока на јавен обвинител се преземаат сите дејствија неопходни за да се утврди фактичката состојба во предметот, информираа од јавното обвинителство.

Во меѓувреме Град Скопје  се огради од активностите на Првиот скопски извиднички одред и го прекина договорот со нив, бидејќи претходно финансирал нивни проекти.

-Сакаме да информираме дека во проектната документација доставена до нас, ја нема наведено спорната активност ниту имаат доставено каква било информација која би укажала на одржување на истата. Дополнително, учесниците на настанот учествувале во приватна режија и не биле организирани од училиштата. Имајќи предвид дека настанот кој се случил предизвика лавина негативни реакции во јавноста и не шокираше и нас како институција, Град Скопје го прекинува договорот со Првиот скопски извиднички одред, соопштија од Град Скопје.

Сител утринава се обиде да добие став од Првиот скопски извиднички одред, но нивните простории беа затворени.

За настанот и за шокантните сексулани активности  јавно за Слободен Печат проговори родител на едно од децата кои учествувале во кампот во кој имало 40-тина средношколци од Скопје.