Обвинетите за настаните во „Дива населба“ се изјаснија дека се невини
Сите 29 обвинети лица за тероризам во кумановската „Дива населба“ денеска пред Советот од судии од Основниот суд Скопје 1 се изјаснија дека се невини по обвинителниот акт, според кој на 9 и 10 мај годинава учествувале во нападот врз полицијата.
Обвинетите истакнаа дека не се чувствуваат виновни за делото „тероризам“.
Според обвинителот Наум Пановски, групата претходно извршила напад на полициската станица во Гошинце, од каде со украденото оружје се стационирала во кумановската „Дива населба“. Според обвинението, утрото на 9 мај кога пристигнале полицајците во населбата, дел од обвинетите кои биле во групата прво фрлиле бомба, а потоа со автоматско оружје и со снајпери пукале кон полицајците.
Во инцидентот загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени.
Ново на Сител
-
Разрешен директорот на Агенцијата за разузнавање
-
Тема на денот со Јован Деспотовски, кандидат за претседател на СДСМ
-
Бајдевски засега останува во трката
-
Петровска се повлече од трката за претседател на СДСМ, обвинува за нефер изборен процес
-
Прва владина седница
-
Балансерот заминува во историјата, со ова се поткопува Охридскиот договор - Реагира ДУИ
-
По Главчев и Мицотакис се жалел во Брисел дека Македонија не ги исполнува обврските
-
Преполовен бројот на Македонци во Албанија, првпат потпишани и Бугари