Македонија
1. December 2017 - 22:40

Обвинетиот Сами Љута од случајот „Монструм“ вечерва излезе од затвор - пречекан со аплаузи

Сами Љута, обвинет во случајот „Монструм“ вечерва излезе од затворот во населбата Шуто Оризари, како прв од четиритемина осудени, за кој Врховниот суд денеска ја укина пресудата и го врати предметот повторно во скопскиот Кривичен суд, објави порталот Порталб.

Како што пишуваат од порталот, при излегувањето тој бил поздравен со аплаузи од најблиските.

По него од затворот во Шуто Оризари и од „Идризово“ треба да излезат и Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири и Хаки Азири.

Të liruarti e rastit Monstra

Да потсетиме, Врховниот суд денеска донесе решение со кое обвинетите во случајот „Монструм“, кои беа осудени на доживотни затворски казни, се пуштени на слобода.

На обвинетите Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута им се определени други мерки за претпазливост, односно забрана за напуштање на живеалиште, односно престојувалиште, како и двапати неделно јавување пред Основниот суд Скопје 1.

Врховниот суд ги укина шесте доживотни казни и со пресуда го врати предметот во нов судски процес.

Додека осудените за „Монструм“ вечерва излегуваат на слобода, судот ја преиначи одлуката и им одреди 30 дневен притвор на режисерот Борис Дамовски и актерот Владо Јовановски, уапсени за случувањата во Собранието од 27 април.