Обвинетиот Сами Љута од случајот „Монструм“ вечерва излезе од затвор - пречекан со аплаузи
Сами Љута, обвинет во случајот „Монструм“ вечерва излезе од затворот во населбата Шуто Оризари, како прв од четиритемина осудени, за кој Врховниот суд денеска ја укина пресудата и го врати предметот повторно во скопскиот Кривичен суд, објави порталот Порталб.
Како што пишуваат од порталот, при излегувањето тој бил поздравен со аплаузи од најблиските.
По него од затворот во Шуто Оризари и од „Идризово“ треба да излезат и Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири и Хаки Азири.
Да потсетиме, Врховниот суд денеска донесе решение со кое обвинетите во случајот „Монструм“, кои беа осудени на доживотни затворски казни, се пуштени на слобода.
На обвинетите Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута им се определени други мерки за претпазливост, односно забрана за напуштање на живеалиште, односно престојувалиште, како и двапати неделно јавување пред Основниот суд Скопје 1.
Врховниот суд ги укина шесте доживотни казни и со пресуда го врати предметот во нов судски процес.
Додека осудените за „Монструм“ вечерва излегуваат на слобода, судот ја преиначи одлуката и им одреди 30 дневен притвор на режисерот Борис Дамовски и актерот Владо Јовановски, уапсени за случувањата во Собранието од 27 април.
Ново на Сител
-
Уапсени сторителите на вооружениот грабеж на 1,2 милиони евра од комбе со пари во близина на Атина
-
Бугарскиот Парламент повторно заседава во обид да избере претседател
-
Претрес во Штип, пронајдена дрога
-
Директорот на АХВ бара да се донесат измените и дополнувања на Законот за заштита и благосостојба на животните
-
Крипто бос ја изеде бананата-уметничко дело купено за 6,2 милиони долари
-
Кинеските брендови доминираат со 70 отсто на рускиот пазар за нови автомобили
-
Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ
-
Вонредна седница на Советот на Град Скопје денеска во 13 часот