Обвинение за злоупотреба на службената положба во јавно претпријатие во Битола
Основното јавно обвинителство Битола до надлежниот суд поднело Обвинителен предлог против едно лице за продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Јавно обвинителство на Република Северна Македонија денеска соопшти дека обвинетиот, во текот на 2022 и 2023 година, во својство на службено лице в.д. директор на јавно претпријатие, ги пречекорил границите на своите службени овластувања и во повеќе наврати на шест различни лица вработени во претпријатието без правен основ им исплаќал дополнителни средства за работна успешност и покрај тоа што претпријатието во континуитет работело со загуби.
- Средствата им се исплаќале заради извршување на дополнителни работни задачи од повисоко работно место за кое дел не ги исполнувале ниту условите од правилникот за систематизација. Вкупниот износ на исплати што ги одобрил и со кои предизвикал штета на јавното претпријатие изнесува 577.640 денари, што било констатирано и со наодите од Конечниот извештај за извршена ревизија во претпријатието за 2022 година на Државниот завод за ревизија кој ќе биде предложен меѓу доказите, се појаснува во соопштението.
Ново на Сител
-
Привремена забрана за дронови во Њу Џерси од безбедносни причини
-
Автобус и две возила удриле во крави на автопатот Скопје - Тетово
-
Сообраќајна незгода на патот Скопје - Тетово, пренасочен сообраќај
-
Мицкоски: Со тоа што Груби е бегалец само потврдува дека е виновен
-
Намалена видливост поради магла на патните правци Ресен - Битола и Струга - Охрид
-
Тошковски: МВР има снимка, полицаецот е суспендиран
-
Нетанјаху: Израел го штити светот од Хутите
-
Нови 118 случаи на грип во државава