-->
-->
Обвинение за труење кучиња во Неготино
-->
Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинителен предлог против 62-годишен жител на Неготино за кривични дела „предизвикување општа опасност" и „мачење животни".
- Обвинетиот, на 8 јануари 2023 година, на улицата „Индустриска” во Неготино, со намера да усмрти кучиња, истурил течен отров помешан со храна. Иако бил свесен дека на местото има голема раздвиженост на луѓе кои би можеле да дојдат во допир со отровот, тој свесно предизвикал значителна опасност, појаснуваат од Обвинителството.
Оттаму додаваат дека отровот го консумирало куче, кај кое настанала интоксикација и кое угинало.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Муцунски: 2025 да биде година за старт на преговорите
-
Продолжуваат протестите на синдикатот на УПОЗ
-
Преглед на вестите од светот
-
Постигнат е договор: Дополнителни 6 денари по килограм оризова арпа
-
Штип под снежна покривка од 35 сантиметри
-
Гаши вели дека завршил со Даути, за нејзино разрешување надлежен бил друг
-
Менкиновски: Македонците со фиктивни адреси во Бугарија ќе ги задржат државјанствата, но ќе платат парична казна
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија