Обуки за шминкери, масери, негуватели за стари лица и помошници во книговодство
Службеник во книговодство, шминкер, масер и негувател на стари лица, се занимања кои се бараат на пазарот на труд, а за кои со финансиски средства од ЕУ ќе се врши обука. Ќе се обучат 220 млади лица кои од денеска може да се пријавуваат во Агенцијата за вработување.
Ова го соопшти денеска на прес-конференција директорот на Агенцијата за вработување Влатко Попоски, кој истакна дека целна група се невработени лица до 29 години со завршено средно или високо образование, регистрирани како невработени лица, активни баратели на работа во АВРМ.
- Ги повикувам сите млади лица кои се невработени, а имаат потреба од дополнителна обука за да дојдат до работно место или да се самовработат да се пријават на овие обуки, истакна Попоски.
Обуките се спроведуваат во рамки на проектот „Поддршка за вработување на млади“ кој е трет директен грант финансиран од ЕУ во износ од 205.333 евра. Мерката треба да се импелментира во рок од една година. Обуките ќе траат четири месеци и за времетраење на обуката учесниците ќе добиваат месечен надомест од 6.261 денар со вклучен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување. Сертификатот што ќе го добијат ќе може да го користат, како во Македонија така и во странство.
Попоски истакна преку овој проект досега се обучени вкупно 2,256 лица од кои 41 процент се вработени. Најави дека ќе следат и дополнителни 10 обуки за занимања за кои ќе се покаже потреба од истражувањето на пазарот на трудот.
Главната цел на оваа мерка е подобрена перспектива за вработување на младите, согласно потребите на пазарот на трудот, а воедно и намалување на невработеноста кај младите.
Ново на Сител
-
Трамп: Доаѓа златна доба за САД
-
Се подготвува нов Закон за судска служба
-
Фетаи: Јавната администрација е пренатрупана
-
Општина Охрид ќе награди пожарникари кои се бореа со пожарите
-
Прилеп конечно после години доби проект за нов театар
-
Преглед на вестите од светот
-
Дали и каде има пропусти при третманот на бебето од Струмица кое почина на детска?
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер