Обука „Организациски иновации за мали и средни претпријатија“
Организациски иновации за мали и средни претпријатија е тема на дводневната обука што денеска ќе почне во Струмица во организација на Центарот за развој и промоција Пропмо идеа ИДЕА - Струмица.
Обуката е дел од активностите во рамки на проектот „Подобрување на конкурентноста на малите и средни претпријатија во прекуграничниот регион преку поттикнување и промоција на нетехнолошки иновации (INNOFOSTER)“, финансиран преку Interreg – ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија.
Обуката е дел од серија настани што се спроведуваат на територијата на Република Македонија и Република Бугарија како дел од Програмата за јакнење на капацитетите што има за цел да ги подобри и зајакне знаењата на малите и средни претпријатија од областа на развивање и примена на не-технолошките иновации.
Главна тема на дискусија ќе бидат организациските иновации за мали и средни претпријатија. Учесниците ќе имаат прилика да се запознаат со значењето на оперативниот менаџмент, фактори и актери кои влијаат на една компанија, ќе бидат презентирани примери за успешно спроведени организациски иновации.
Како дел од обуката ќе бидат претставени и актуелните фондови и програми за финансирање на иновативни идеи.
Ново на Сител
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата
-
Животот како пред еден век
-
Мирен изборен ден
-
Ковачевски на митинг испрати пораки до Ахмети
-
27 Април да не се повтори
-
ВМРО-ДПМНЕ промовира проекти
-
Претседателски избори
-
Министерот Тошковски пречекан со „ Бисер Балкански“ од новите полициски службеници