Македонија
16. April 2020 - 17:53

Обудсманот сериозно ги следи мерките на Владата по однос на КОВИД-19

Канцеларијата на Народниот правобранител будно и сериозно ја следи секоја мерка усвоена од Владата на Република Македонија по однос на превенцијата на ширењето на вирусот КОВИД-19, вели омбудсманот Иџет Мемети во интервјуто за МИА, кое ќе биде објавено утре. Додава дека ограничувањата се со ограничено времетраење и сразмерно на опасноста од ширење на вирусот цени дека нема место за нивна реакција.

– Имајќи ја предвид сериозноста на ситуацијата, но и потребата од континуирано следење на состојбите со човековите права, донесов План за работа во услови на вонредна состојба, истиот е исто така објавен на нашата веб страница, при што секој граѓанин, како и досега непречено може да се обрати за каква било помош и совет, по електронски пат или преку телефон, вели Мемети.

Воедно, омбудсманот Мемети, во интервјуто за МИА одговара и на прашањата за Извештајот за степенот на почитување на човековите слободи и права за изминатата 2019, односот за бројот на претставки, за состојбата во судството и казненните установи, како и за постапувањата на институциите за препораките упатени од оваа институција.