Свет
17. May 2016 - 9:09

ОБСЕ се откажа од идејата за испраќање вооружени набљудувачи во источна Украина

Испраќањето на вооружени набљудувачи на Организацијата за безбедност и соработка во Европа во источна Украина може само да ја искомплицира ситуацијата, изјави генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер.

Тој нагласи дека ОБСЕ се откажала од испраќање мисија под оружје во Украина, потенцирајќи дека невооружените набљудувачи се поефикасни во набљудувањето на линијата на фронтот во Донбас.

Заниер додаде и дека невооружените набљудувачи подобро се прифатени од локалните жители.