Македонија
7. April 2021 - 12:10

Облачно со повремени локални врнежи од дожд, снег на планините на северозапад

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините на северозапад со врнежи од снег.

Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14 степени. Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, повеќе врнежи ќе има во крајните западни и источни делови. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во југозападните делови врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места. Долж Повардарието ќе дува засилен северозападен, а во западните делови повремено и силен западен ветер од над 70 километри на час.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и студено со услови за повремен слаб дожд и снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец.

Утре претпладне на места се уште ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег, а во текот на денот облачноста ќе се намали и ќе дува засилен ветер од северозападен правец.

Потоа, најавуваат од УХМР, сладува период на стабилно време со пораст на дневните температури.

Утринските до недела на повеќе места ќе бидат негативни и под просекот за овој период од годината.