Синдикатот од 10 февруари почнува со протести, на 17-ти ќе ја блокираат Владата
Синдикатот од следната недела почнува со протести. Во вторник ќе го блокираат Собранието, затоа што пратениците не го гласаат законот за зголемување на минимала плата.
Во четврток Коморите – бидејќи газдите не сакаат да им ги зголемат платите на своите вработени, а на 17 ти сите службени влезови на Владата – за да не може ни премиерот, ни министрите да дојдат со службени возила.
Тогаш, според синдикалниот лидер Трендафилов ќе мора да поминат пеш и да ги погледнат в очи работниците, кои земаат најниски плати во Европа и живеат најмизерно. Утре до Собранието ќе достават Иницијатива за намалување на функционерските плати – односно наместо просечна, коефициентот за сложеност ќе се множи со минимала плата
- На овој начин ќе се намалат нивните плати за 40%. Собранието до 10 февруари треба да одлучиле , ако не - во среда ќе собереме 10,000 потписи и ќе поднесеме две нови иницијативи, една за намалување на избрани и именувани функционери, а другата за зголемување на минималната плата, изјави Слободан Трендафилов, претседател на ССМ.
Дали и оваа година годна функционесрките плати ќе се зголемат во март - или ќе се замрзнат како лани – се уште нема одлука. Прво ќе се чекаат статистичкте податоци.
- Дурмиши Статистичките бројки треба да излезат крајот на февруари. Потоа ќе одлучиме како ќе постапиме. Ние, од кога дојдовеме на власт, немаме донесено никаква одлука за зголемување на функционерските плати, изјави Бесат Дурмиши, министер за економија
Зголемување на мининалецот на 600 евра и на сите останати плати за најмалку 6,000 денари е барањето на Синдикатот Ако не се зголемат – најавија генерален штрајк.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
