Објавена „Теоријата на книжевност во (интер)акција“ од Марија Ѓорѓиева Димова
Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје ја објави студијата „Теоријата на книжевност во (интер)акција“ од Марија Ѓорѓиева Димова.
Книгата содржи три дела: „Теориски модели“, „Толкувачки модели“ и „Теориски категории и концепции“.
Во книгата авторката актуализира неколку клучни книжевнотеоретски и херменевтички теми и категории, елаборирани и во теоретски и во интерпретативен контекст. Авторката ги разгледува интертекстуалноста, метафикцијата, авторот, читателот, влијанието, биографската метафикција, иронијата, интерпретацијата...
- Целта на студијата е да ја демонстрира нужната комплементарност и интерактивност меѓу книжевните теории и книжевната практика, како и да ја потврди функционалноста на книжевните теории во однос на толкувањето и на разбирањето на книжевните текстови, информира Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје.
Ново на Сител
-
Разрешен директорот на Агенцијата за разузнавање
-
Тема на денот со Јован Деспотовски, кандидат за претседател на СДСМ
-
Бајдевски засега останува во трката
-
Петровска се повлече од трката за претседател на СДСМ, обвинува за нефер изборен процес
-
Прва владина седница
-
Балансерот заминува во историјата, со ова се поткопува Охридскиот договор - Реагира ДУИ
-
По Главчев и Мицотакис се жалел во Брисел дека Македонија не ги исполнува обврските
-
Преполовен бројот на Македонци во Албанија, првпат потпишани и Бугари