-->
-->
Објавена снимка од убиството на Инстаграм ѕвездата
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2018/october/fregerht-195416.jpg?itok=pr7oQGYa)
Снимката која се појави во јавноста прикажува автомобил како полека се движи по улица во Багдад, додека убиецот седи на мотот на кој го чека соучесник и потоа заедно заминуваат. Поранешната Мис Багдад има повеќе од 2,6 милиони следбенци на Инстаграм и била позната по отворените ставови за слободата, животот и религијата.
Министерството за внатрешни работи соопштило дека девојката била уабиена од позната криминалистичка екстремистичка група, но не е познато дали убиецот е уапсен.
Фарес на својот Инстаграм профил објавувала свои фотографии нашминкана, во фармерки во проѕирни блузи кои ги откривале нејзините тетоважи.
Отворено зборувала за краткиот брак во кој стапила кога имала 16 години, како и за сопругот насилник кој објавувал нејзини интимни фотографии на интернет и го одвел нејзиниот син кој сега има 3 години.
Зборувала и против верските, племенските и политичките лидери. Додека многумина млади Иранци ги споделувале нејзините објави, другите ја критикувале провокативната антиисламка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почна Самитот на НАТО
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Мали шанси за тет-а-тет средба Мицкоски-Мицотакис, официјална Атина сепак ќе се „жали“ за Преспанскиот договор
-
Почнува Самитот на НАТО во Вашингтон, Украина високо на агендата
-
Нова инвестиција: Вабтек го шири производството - 100 нови вработувања
-
Никој не се чувствува виновен за проневерата од 5 милиони евра за спортските ваучери
-
Затворски казни за обвинетите во „Синџир“ кои затајувале данок
-
Хаос пред ЈСП: Директорот и синдикатите се караа кој е виновен што автобус вчера удри во жардиниера