Свет
21. October 2023 - 8:47

Објавена фотографија од мајката и ќерката што ги ослободи Хамас, нивен роднина откри зошто отишле во Израел

Откако групата Хамас објави дека ослободила двајца американски државјани од заробеништво во Газа, висок израелски функционер објави дека тоа се Џудит Ранан и нејзината ќерка Натали.

Според „Тајмс оф Израел“, двете биле префрлени во Меѓународниот Црвен крст.

„Тие се жители на Еванстон, а во Израел дојдоа овој месец за да го прослават 85. роденден на роднина и еврејските празници“, рекол нивен роднина.