Обилните дождови предизвикаа поплави во делови од Балканот
Обилните дождови што денеска го зафатија Балканот предизвикаа излевање на повеќе реки, поплави и прекин во електроснабдувањето во одделни реони.
Српската државна телевизија РТС јави дека поради надојдената вода во прекин е сообраќајот на неколку регионални патни правци во југозападна Србија, а десетици граѓани биле принудени да ги напуштат своите домови кои се под вода.
Лизгање на земјиштето предизвикало и прекини во сообраќајот во реонот на Копаоник.
Дводневните обилни дождови предизвикаа поплави и во северниот дел на Црна Гора, во близина на границата со Србија. Поради поплавите на жителите на Беране им е препорачано да не ја пијат водата од чешмите.
Најмалку две лица загинаа во поплавите во Албанија, каде поројните дождови предизвикаа и оштетувања на повеќе патишта.
Во спасувачките акции е ангажирана војската и специјални спасувачки екипи.
Автопатот Тирана-Драч, како и неколку други патни правци се блокирани. Многу села се без пристап поради оштетувања на локалните патишта.
До 12 часот, количеството врнежи изнесувало 100 милиметри на квадратен метар. Според прогнозите, тие ќе продолжат и утре.
Ново на Сител
-
Уапсен скопјанец, криумчарел мигранти од Кина и Пакистан
-
Колумбија заплени рекордни 225 тони кокаин во операција против трговија со дрога
-
Скопје повторно прв најзагаден град во Европа
-
Димитриеска-Кочоска: Со поддршка од ОЕЦД, Македонија ќе ги имплементира стандардите за автоматска размена на податоци
-
Две 50-годишни скопјанки се истепале за паркинг во Карпош
-
Џејмс го престигна Данкан по број на победи во НБА
-
„Мртов Саздо добар Саздо“ и „Илирида“ ечат во Тетово | ВИДЕО
-
60-годишник си изградил хотел без никакви документи во Старата скопска чаршија