Македонија
28. April 2017 - 14:38

Обид за убиство: Повредените пратеници на СДСМ излегоа на прес конференција

 Во моментов во седиштето на СДСМ почна прес конференција на којашто се обрати Зоран Заев, претеседател на СДСМ. Покрај него со видливи, но бандажирани повреди на главата се појавија Оливер Спасовски, Максим Димитриевски и Љупчо Николовски.

Во Ургентниот центар синоќа со повреди е згрижена и пратеничката Радмила Шеќеринска, а со видливи повреди на лицето се здоби и пратеникот Дамјан Манчевски.

Заев вчерашниот инцидент во Собранието го карактеризира како обид за убиство со умисла и по план.